ЛДП донесе одлука: Одиме самостојно на локалните избори

Централниот одбор на Либерално-демократската партија донесе одлука за самостоен настан на претстојните локални избори што треба да се одржат наесен.

– Централниот одбор синоќа донесе конечна одлука, но како партија ја оставивме отворена можноста за коалиција со други партии, здруженија на граѓани, но и поединци кои имаат сродни програмски и политички определби со ЛДП, рече претседателот на партијата Горан Милевски.

За време на состанокот ЦО на ЛДП ги овласти претседателот и генералниот секретар во следниот период да ги преземат сите неопходни мерки во насока на подготовка на партијата за успешен настап на локалните избори.

Претходно, одлуката за самостоен настап ја поддржаа членовите на Извршниот одбор на ЛДП, како и на Централните одбори на Форумот на жени и на Либерално-демократската младина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот