Лажните вести за Белата куќа причина да ја откаже претплатата од два престижни весници

фото Архива

Белата куќа повеќе нема да биде претплатена на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс по оценките на американскиот претседател Доналд Трамп дека весниците „не се фер” кон него.

Во исто време, Белта куќа ги повика и сите сојузни служби да ја откажат претплатата на тие два весника.
Портпаролот на Белата куќа, Стафани Гришам синоќа соопшти дека укинувањето на претплатата ќе биде „значајна заштеда за даночните обврзници од стотина илјади долари”.

Одлуката за да не се продолжи претплатата на Вашингтон пост и на Њујорк тајмс уследи откако Трамп ги обвини весниците за лажни вести.

Трамп не е прв претседател кој ги бојкотира весниците, Џон Кенеди ја откажа претплатата на Њујорк хералд трибјун поради наводна пристрасност, а подоцна Белата куќа ја обнови претплатата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот