Лажните дојави за бомби ја минираат државната матура, МОН ќе преземе мерки

Фото: МИА

Државна матура ќе има, се преземаат сите чекори за да нема пречки во организацијата. Државниот испитен центар ги презема сите чекори за организирање на успешна државна матура. Ќе бидат преземени мерки во делот на безбедноста, формирана е работна група за да не се оставаме на случајност, изјави министерот за образование и наука Јетон Шаќири.

За тоа дали се размислува повторно да се организира целосна онлајн настава за средношколците, министерот Јетон Шаќири вели дека тоа не е лесна одлука, а истата ќе треба да важи и за основните училишта, бидејќи и таму се зголемува бројот на закани, а вчера закана за поставена експлозивна направа добиле повеќе основни од средни училишта.

Ние секојдневно зборуваме со Комитетот за безбедност и дел од препораките се според некои нивни заклучоци. Мислам дека сега имаме нова ситуација, бидејќи сега повеќе дојави има во основните отколку во средните училишта. Затоа сега ќе ги разгледуваме и проблемите што произлегоа по дојавите за бомби и во основните училишта, вели Шаќири.

Во однос на вчерашниот проблем со апликацијата за онлајн настава „Тимс“, министерот појасни дека апликацијата не функционирала кај оние училишта каде првпат имаше закана за поставена бомба. Училиштата кои почесто добиваат закани, Шаќири вели дека немале проблем да се најават на апликацијата.

Прашан зошто закани за поставени експлозивни направи има само во државните училишта, но не и во приватните, министерот Јетон Шаќири вели дека и тој си го поставува тоа прашање.

Не е дека посакувам да има и во приватните, но да нема и во државните, вели Шаќири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот