Лажниот мигрант од Центар си игра со живците на нервозните родители

Не дали, туку прашање на ден е кога некој родител не ќе може повеќе да ја издржи тортурата врз своите деца од насилникот кој оперира кај Клуб на новинарите, ќе го повреди или не дај боже ќе му нанесе потешки повреди и ќе се зацрни едно семејство поради неажурноста на државните органи, велат револтирано граѓаните од овој дел на Скопје. Ова, велат станарите на околните згради кај Клубот на новинарите, е неизбежно да се случи судејќи по се побурните реакции на многу родители кои се сведоци на разното дрско, незаконско, вознемирувачко и неконтролирано однесување на лажниот мигрант, односно македонски Ром кон нивните малолетни деца, посебно девојчињата.

Тој се соблекувал пред малолетнички, ограбувал продавници, некои по два-три пати, малтретирал минувачи, плашел деца, ограбил жена во ходник од зграда и постојано „дувал“ лепак кај ќе стигнел.

Најгрозно од се, велат исплашените граѓани, е што тој сексуално се задоволува пред деца, а надлежните, иако илкада пати се алармирани, не мрдале со прст за да најдат решение за проблемот кој од ден во ден се повеќе зема замав.

За насилниот маж кој е на возраст од околу 26-27 години барем засега, официјално дигнале раце полицијата и социјалните служби. Граѓаните се жалат дека овие две најодговорни институции не сакаат да преземат соодветни законски и службени дејствија, одговорно да постапат и да се справат со овој проблем.

На насилникот засега никој не му го знае името. Преку ден се изживува врз децата и граѓаните од овој дел на Скопје, а ноќе спие во подземните гаражи од зградите.

– Писмено и усно баравме и бараме помош од полицијата уште од септември минатата година кога започнаа нашите маки со овој насилник. Од што е толку мрзелива, на почетокот од полициската станица „Беко“ не убедуваа дека нема проблем, после тврдеа дека ќе се најде решение, а единствено што прават е ќе го приведат и после час до два ќе го пуштат, а тој само што ќе излезе од станица повторно се враќа во овој кварт. Сега бараме помош од Министерството за труд и социјала и од Општина Центар. Мора некој во државава да е одговорен во смисла кој ќе најде решение за нашата мака. Не посакувам, но со оглед на се побурните реакции на соседите, посебно на тие кои имаат малолетни деца, не е далеку денот кога нешто лошо ќе се случи. Доволно е денот да ви е лош и баш тогаш да дознаете дека детето ви е малтретирано или сексуално напастувано и ќе направите неразумен потег. Кој тогаш ќе одговара – прашува Јана Николова, жителка на овој кварт.

Таа и нејзите соседи повеќе пати преку медиумите бараат институционална реакција, но таа засега затајува.

Како што дознаваме, наводниот мигрант, односно македонски Ром кој прави проблеми во овој центарски кварт има дебело полициско досие. Последна адреса на живеење му е таа каде што живее неговата сестра во Топанско Поле. Тој нема лични документи, а во полициската база минува како извршител на низа кривични и прекршочни дела. Полицијата за неговите активности, исти како овие кај Клуб на новинарите, знае уште од пред две години. Тој исто така глумел мигрант во Тафталиџе и Карпош. Пред пет дена, „непознатиот“ за полицијата насилник заработи писмена опомена да не се приближува во квартот кај Клубот на пратеници, но за него таа забрана важела само 30 минути, велат станарите на овој дел од Скопје. И денеска тој се одмара и шета низ сокаците и парковите околу кварот.

Од полицијата велат дека имаат сознанија за овој случај, известени се од страна на станарите и дека согласно законските надлежности преземаат сè што е во нивна надлежност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот