Лажни вести од протестите во САД: Полицијата во Минеаполис не уапси агент на ФБИ, ниту пак снимката е сегашна (ВИДЕО)

Њујорк, САД / 31 мај 2020 / EPA-EFE/JUSTIN LANE

Ројтерс „наседна“ на стара видео снимка, па објави исправка.

Не беше потребно многу време за снимката од апсењето на еден Афроамериканец да стане вирална кога во описот е напишано дека во прашање е агент на ФБИ.

Ројтерс сепак пренесува дека снимката од апсењето настанала во 2019 година и дека во прашање не е ФБИ агент.

Човекот со темен тен во црвена маичка повеќе пати на снимката повторува дека тоа не е оној за кого тие мислат дека е и дека дошло до замена на идентитет.

Бил целосно во право – тој не е агент на ФБИ.

Тоа за Ројтерс го потврдија од полициската станица во Рочестер.

„Спротивно на медиумските наводи, мора да демантираме дека уапсениот е вработен во Федералното истражно биро. По утврдувањто на неговиот идентитет потврдено е дека тој не е лицето кого го бараше полицијата, па е веднаш пуштен“, тврдат од станицата.

Исто така, истакнуваат дека сето ова се случило на 1 јуни, но во 2019 година.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот