Лажни се денешните дојави за бомби во скопските училишта, утврди полицијата

Дојава за бомба во гимназијата „Јосип Броз-Тито“ / Фото: Слободен печат - Методиј Здравев

Министерството за внатрешни работи соопшти дека по извршените проверки во објектите на училиштата во Скопје до кои беа упатени дојави по електронска пошта за поставени експлозивни направи, е утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, се наведува во соопштението на МВР.

Во текот на денов закани за поставени експлозивни направи беа упатени до осум средни училишта во Скопје – „Раде Јовчевски – Корчагин”, „Орце Николов”, „Јосип Броз Тито”, „Панче Арсовски”, „Никола Карев”, „Владо Тасевски”, „Михајло Пупин” и „Цветан Димов”, како и до основните училишта „Кочо Рацин” и „Петар Поп Арсов”.

Општина Центар претходно соопшти дека по преземените мерки и антитерористичките проверки, е утврдено пријавата за поставена бомба во „Кочо Рацин” на Водно е лажна.

Скопските средни училишта изминатиот период во повеќепати добиваа закани за поставени бомби, за кои полицијата утврди дека биле лажни, а денеска првпат такви дојави беа упатени и за основни училишта.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски неодамна изјави дека станува збор за хибридни закани и оти очекува истрагата за лажните дојави на бомби наскоро да заврши.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот