Лажни фотографии од пожарите во Австралија на кои треба да внимавате

Фото: Твитер

За жал, на интернет се појавија и многу фотографии, кои или не се доволно автентични, или се целосно лажни. 

Застрашувачките пожари кои моментално се актуелни во Австралија се навистина огромни и смртоносни, па многу личности реагираа на социјалните мрежи.

За жал, на интернет се појавија и многу фотографии, кои или не се доволно автентични, или се целосно лажни.

Навистина е тешко да се запре споделувањето на овие фотграфии, посебно кога нив ќе ги објават познати личност, но на следните три фотографии треба да се посветите посебно внимание:

1. „Сателитска снима од пожарите“

Фотографијата која на Твитер ја објавила пејачката Ријана, со цел да изрази свое сочувство за жртвите во пожарите во Австралија, всушност не е реална.

На сликата се прикажани податоци од НАСА, кои даваат правилен приказ за информациите за тоа каде избивале пожарите ширум Австралија, но не и вистинската скала, односно размерот на пожарот.

Поради употребен ефект, пожарите на оваа слика изгледаат многу поголеми отколку што навистина се.

Творецот на сликата, Ентони Херси, подоцна објавил пост на Твитер, во кој објаснил дека неговата намера не била да се создаде погрешна претстава за пожарите.

2. Алармантни фотографии од страницата MyFireWatch

Страниците како MyFireWatch, со кои управува Владата на Западна Австралија, нудат одлични услуги. Но, картата со пожари која ја користат не е наменета за прикажување на целосните размери на пожарите во Австралија.

Секој индикатор на картата го претставува пожарот кој моментално гори во Австралија.

За жал, некои од корисниците на социјалните мрежи ја користат оваа страница како показател за силината на пожарите на картата.

3. Целосно нејасен твит кој го објави американскиот „Еј-Би-Си“ Њуз

Примерот на карта на Австралија која е поставена над територијата на САД, наиде на неодобрување и отпор од страна на Австралијците, кои истакнаа дека подрачјата погодени од оган, а прикажани на сликата, воопшто не одговараат со реалноста.

„Еј-Би-Си“ Њуз дополнително објави и исправка на неточните информации.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот