Лажни дојави за бомба кренаа паника во Санкт Петербург: Евакуација во судови, училишта, метро станици

Една третина од станиците на подземната железница, 20 болници и 40 образовни установи во Санкт Петербург денеска примија предупредувања за поставени бомби. Специјалните полициски единици утврдија дека станува збор за лажни дојави.

Експерти за експлозив и специјално обучени кучиња ја проверуваат безбедноста на метро станиците.

Евакуирани беа и судовите во градот, но повторно почнаа со работа откако беше утврдено дека дојавите се лажни.

И вчера се спроведуваше евакуација во Санкт Петербург откако 22 метро станици, 24 болници и 57 училишта и високообразовни институции примија закани за поставени бомби, кои подоцна се утврди дека се лажни.

Бранот лажни дојави почна минатата недела со електронско писмо испратено до Градскиот суд, во кое беше барањето за надомест од 120 милиони рубљи (187.200 долари) да се префрлат во биткоини. Откриено е и дека повиците доаѓале од странство, најверојатно од Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот