Лажна тревога: ФБИ не пронајде доверливи документи во викендичката на Бајден

ФОТО - Џо Бајден

Во викендичката на американскиот претседател Џо Бајден во Рехобот Бич, во сојузната држава Делавер не се пронајдени доверливи документи, изјави личниот адвокат на Бајден, Боб Бауер.

Претходно, адвокатот Бауер изјави дека припадници на американското Федерално истражно биро (ФБИ) денеска вршат претрес во викендичката на Бајден.

Претресот, како и најмалку двата други спроведени на локации поврзани со Бајден, беше преземен во соработка на претседателот и неговиот правен тим.

Адвокатите на американскиот претседател Џо Бајден пред три недели пронајдоа доверливи документи, откако претходно признаа дека минатата есен во неговата приватна канцеларија биле откриени десетина доверливи документи.

Еден од изворите изјави дека претресот довел до откривање на дополнителни документи од интерес за истражителите кои работат на случајот.

Пронајдени нови доверливи документи на Бајден

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот