Лажна Грета му се јавила на Сандерс: Стани претседател на САД и работи за РУСИЈА (ВИДЕО)

„Сега е време да се разбудиш и да ја исполниш твојата мисија, стани претседател на САД, донеси комунизам во САД и работи за Русија!“, вели „Грета“.

Руски комичари тврдат дека му се јавиле на кандидатот за претседател на демократите Берни Сандерс, преправајќи се дека се Грета Тунберг и ја понудиле нејзината поддршка за изборната кампања, пренесува Дејли меил.

Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров, кои имаат измамено повеќе високи функционери низ целиот свет, ја објавија снимката од разговорот на Јутјуб во четвртокот.

На снимката се слуша како неименувано женско лице се претставува како Грета, а Столјаров се претставува како нејзиниот татко, Сванте. Тие нудат поддршка на кампањата на човекот кој се претставува како Сандерс и човекот ја прифаќа.

„Грета“ потоа му нуди да снимат „кул рап“ песна во поддршка на Сандерс заедно со пејачката Били Ајлиш и раперот Кање Вест.

„Ако сакаме ова видео да биде успешно, треба да има многу скапи автомобили, и девојки, а ти треба да носиш златен накит и синџири, ќе биде супер“, рекла „Грета“.

„Грета“ потоа бара совет од него бидејќи како што вика таа ќе оди во Русија и и треба совет за како да се однесува таму.

Тој и вели да биде внимателна, бидејќи Русија и Путин имаат лош поглед кон климатските промени, односно имаат многу нафта која е корисна за нивната економија.

Потоа „Грета“ му вели на Сандерс дека бил регрутиран од КГБ во 1988 година кога ја посетил Русија и дека од тогаш бил скриен агент.

„Сега е време да се разбудиш и да ја исполниш твојата мисија, стани претседател на САД, донеси комунизам во САД и работи за Русија!“, вели таа, по што Сандерс изгледа го спушта телефонот.

Сандерс нема искоментирано за веродостојноста на повикот. Тие инаку во минатото ги имаат измамено и други високи функционери како бившиот премиер на земјава, Зоран Заев, каде се претставиле како украинскиот претседател Петро Порошенко и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, потоа францускиот претседател Емануел Макрон, турскиот претседател Раџип Тајип Ердоган, британскиот премиер Борис Џонсон итн.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот