Лажна дојава за бомба во редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“

Денеска порано во редакцијата на хрватскиот весник „Слободна Далмација“ стигнала дојава дека е поставена бомба.

Сепак, нешто подоцна од хрватскиот весник на нивната интернет страница објавија дека дојавата била лажна, информираат хрватските медиуми.

Според зборовите на главниот уредник, Јадран Капор, повикот за бомба бил примен околу 12 часот, кога непознат маж се јавил во редакцијата и рекол дека во објектот е поставена експлозивна направа, по што веднаш била контактирана полицијата.

Тој се претставил дека е од  хрватските одбранбени сили и им рекол дека неодамнешниот пожар не бил случаен.

Откако полицијата утврдила дека дојавата била лажна, вработените се вратиле во редакцијата и нормализиран е сообраќајот во локалните улици.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот