Лажна дојава за бомба пред Владата за време на посетата на Фон дер Лајен, јавувачот е уапсен

Урсула фон дер Лајен Зоран Заев Влада
Урсула фон дер Лајен и Зоран Заев во Скопје / Фото: Влада на Република Северна Македонија

Полицијата уапсила едно лице кое денеска по телефон јавило дека ќе биде активирана бомба пред зградата на Владата за време на посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, соопшти МВР.

– Денеска (28.9.2021) во Скопје полициски службеници го приведоа И.М., кој во 10.32 часот во СВР Скопје телефонски пријавил дека при посетата на претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен ќе биде активирана експлозивна направа пред зградата на Владата. Преземени се потребните мерки и активности и утврдено е дека пријавата е лажна. Лицето е приведено и задржано во полициска станивца по насоки на јавен обвинител, за натамошна постапка. Лажната пријава не влијае на посетата на претседателката на ЕК и активностите продолжуваат по планираната агенда, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот