Лажна бомба оставена пред рускиот конзулат во Сао Паоло

Полиција во Бразил
Бразил полиција / Фото: EPA-EFE/Andre Coelho

„Лажна граната“ била оставена пред рускиот конзулат во Сао Паоло, најнаселениот град во Бразил, објави бразилската информативна веб-страница Глобо, пренесува Би-Би-Си.

Полицaјците кои биле повикани на местото на настанот во текот на ноќта потврдиле дека се работи за лажна направа.

Не се знае кој би можел да биде одговорен за уредот.

Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ја оправда својата одлука да одржи „неутрален став“ за руско-украинскиот конфликт осврнувајќи се на силните трговски врски на Русија со Бразил. Тој беше обвинет од бразилските медиуми дека го „фали“ и дава „сочувствителни“ изјави за рускиот лидер Владимир Путин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот