Лажеше гледајќи го в очи „народот свој“

Џабир Дерала / Фото: СП. архива

Ќе го проголта партиската историја за миг и низ длабоко и влажно ждригање ќе го исфрли заедно со уште неколку академски и криминални отпадоци на брегот на одводниот партиски канал.

што ова веќе и не му се брои. Навистина, кога ќе помисли човек, лесно, премногу лесно се преоѓа преку сè што ќе каже и тој и целата таа тајфа што остана по Груевски. Како големи, мрсни лебарки што ги напаѓаат обилните остатоци од богата и дива гозба на разбојници…

Сè што ќе кажат, сè што ќе направат, тоа се прифаќа како нормално, во смисла „па друго и не се очекува од нив“… Но, да го затвориме и тоа прашање, барем за миг, па да се вратиме на „шпиц јунакот“. Призна дека никој не го игра, а призна и дека излажал. Не престанува да повторува, ни кога е тотално посрамотен, дека е апсолутен победник. Како автохипноза, што ли?

Што ќе се случува со партијата сега? Голема и богата си е таа, што не поминала, па не ова…

Ќе го проголта партиската историја за миг и низ длабоко и влажно ждригање ќе го исфрли заедно со уште неколку академски и криминални отпадоци на брегот на одводниот партиски канал. Еден дел од нив (веројатно куртоните) ќе преживеат, бидејќи тие на сите им требаат.

Можеби деновиве или месециве ќе се навратам пак на оваа честопати урнебесно смешна кариера, да се насмееме. Но и да се потсетиме што сè би требало да биде предмет на истрага, а не било до сега, и што сè е симптом на болеста на општеството и системот. Толку, да го ставиме ад акта сега, и ова беше премногу внимание за него.

Туку, владата се крчка. Колку и да е тоа радосна вест, нема да биде тоа лесна задача, со апетитите на сите кабадаии размавтани со политичките фактури поголеми и од нивните способности и од етничките бајраци… Нека ни е со среќа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот