Не треба да му се дава етнички предзнак на фашизмот, вели Заев околу „бугарскиот фашистички окупатор“

Зоран Заев
Зоран Заев / Фото: Влада на Република Северна Македонија

На фашизмот не треба да му се дава етнички предзнак, смета премиерот Зоран Заев, откако вчера најави дека од македонските учебници ќе се брише одредницата „бугарски фашистички окупатор“. Заев вели дека не се меша во работата на историчарите.

„Историската комисија работи на 5 историски личности и три историски период. Продолжува да работи и за Гоце Делчев. Политичарите работата на иредентизмо, провокација и неевропските манири. Фашистичкиот окупатор нема национална боја во светот.“, рече Заев.

Тој уште еднаш повтори дека од учебниците и од спомениците ќе се брише „бугарски фашистички окупатор“, наведувајќи дека и кај нас имало соработници на фашистичкиот окупатор.

„Не може да се каже дека една цела нација била фашистичка, и не можете да кажете дека и за нас сите биле со партизаните, затоа што имало еден дел кои биле соработници на фашистичкиот окупатор. Соработници имало“, додаде Заев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот