„Лажен Арап“: Старата измама сѐ уште успева, „олеснет“ наивен гостиварец

Фото: Profimedia

Познатата измама во која учествува човек што лажно се претставува како Арап и бара пари, и натаму успева – последниот случај е пријавен во Гостивар, каде 64-годишен жител на село во близина на градот, кого двајца измамници го оставиле без неоткриена сума пари.

„На 04.10.2022 во 12.20 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на гостиварско село, пријавил дека околу 11.00 часот на улица „Беличица” во Гостивар две машки лица, од кои едното зборувало на арапски јазик, го измамиле и му одзеле пари. Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и притоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат. Како што е пријавено, откако не се вратиле, тој ја отворил торбата и забележал дека нема девизи и сфатил дека е измамен, соопшти МВР, додавајќи дека полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Видео на денот