Лазаров: Зависиме од нас самите

Раскометарите во ноември ќе одиграат два натпревари против Египет/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Ракометната репрезентација на Македонија денеска ги доби противниците во групната фаза на претстојното Европско првенство кое во јануари идната година ќе се одржи во Унгарија и Словачка. Жрепката сакаше Македонија да биде во групата А заедно со селекциите на Словенија, Црна Гора и Данска, а натпреварите ќе се играат во Дебрецин.
Првиот натпревар, ракометарите ќе го играат на 13 јануари против Словенија, потоа на 15. Јануари следи дуел со Црна Гора и два дена подоцна е пресметката со актуелниот европски шампион Данска.
Селекторот и капитен на репрезентацијата, Кире Лазаров, вели дека ќе се фокусира на играта на македонската репрезентација, а не на противниците бидејќи смета оти се ќе зависи од нас самите.
– Противиците се тие што се, но нема многу да се оптоваруваме со нив. Одиме по потешкиот пат, но нема изговори. Ќе се подготвиме максимално и ќе играме на секој натпревар на победа. Зависиме од нас самите и од тоа колку ние ќе успееме да го подигнеме нашето ниво до јануари Прочитав некаде Николче Митревски, еден од нашите лидери изјавил дека ако играме како што умееме, не е важно кој ќе ни биде ривал.Уште од утре ги започнуваме подготовките за настапот на ЕП – вели Лазаров.  

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот