Лазаров: ВМРО-ДПМНЕ со оваа нова политичка гарнитура во минативе две до три години ги адресира сите слабости на економската политика (ВИДЕО)

Имајќи предвид дека изминативе голем број на погрешни економски политики, што и самите бројки го говорат тоа, едноставно е потребно ресетирање на македонската економија, нов економски модел што ќе продуцира раст на економијата.

ВМРО-ДПМНЕ има изработено сериозна преодна стратегија која ќе биде во насока на амортизирање на негативните ефекти од кризата, особено во третиот и четвртиот квартал, за во 2021 година со сериозен развоен концепт и развојна стратеија да тргнеме напред, изјави за „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“ Дарко Лазаров, универзитетски професор.

-Она што сакам да го кажам е дека ВМРО-ДПМНЕ со оваа нова политичка гарнитура практично во минативе две до три години ги адресира сите слабости на сите креатори на економски политики во последниве три години, но и претходно. Оваа програма „Обнова на Македонија“ е систематизирани успешни искуства на брзо-растечки земји, како тие се развивале и прилагодени на карактерот на македонската економија

Она што е еден ограничувачки фактор во идната влада е што се ограничи и намали фискалниот простор поради тековните задолжувања и тука сериозно е земен овој сегмент во репрограмирањето и репроектирањето на идните макро-економски движења, вели Лазаров.

Фокусот на програмата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ е на тоа како да се обезбеди раст на подолг рок.

-Од друга страна околу оваа година и очекувањето за 4 до 5% рецесија, морам да напоменам дека наредната година економскиот раст е во тоа – колку е понизок економскиот раст во претходната година, толку е веројатноста да растете во идната година. Проекциите и на ММФ и на СБ е раст за 5%, што преставува новосоздадена вредност споредена со претходната година, која што инцијално е многу ниска, додава Лазаров и вели дека програмата на ВМРО-ДПМНЕ е фокусирана на тоа како да се обезбеди раст на подолг период (пет до десет години), бидејќи само на тој начин може да се надеваме дека во наредниот период ќе имаме значително подобрување на животниот стандард на македонските граѓани.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот