Лазаров со Миркуловски и еден дебитант против Данците

Фото: EPA-EFE/FEHIM DEMIR

Познат е составот на македонската репрезентација за денешниот натпревар од квалификациите за ЕП против Данска во Скопје кој ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20.00 часот.

Селекторот Кирил Лазаров кој освен што ќе дебитира на клупата, се очекува да биде и на паркетот, а тука е и повратникот во селекцијата, Филип Миркуловски.

Стратегот на „црвено-жолтите“ повика и еден дебитант кој настапува на позицијата лев бек, Игор Ѓорѓиев од редовите на РК Голден Арт – КЛ7.

Составот на Македонија за денешниот дуел со Данска: Митревски, Манасков, Велковски, Стоилов, Лазаров, Ц. Кузманоски, Ѓорѓиев, Талески, Томовски, Миркуловски, Н. Маркоски, Ф. Кузмановски, Костески, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски.

Како што е веќе познато поради повреда ќе недостасува Димитриоски, како и Мишевски поради коронавирус. Од тие што тренираа во изминатиот период во составот ги нема Кизиќ, Аларов, Серафимов, Крстевски и Ѓорговски.

Судии на вечерашниот меч се Ненад Николиќ и Душан Стојковиќ од Србија, додека ЕХФ делегат е Марјан Начевски (Македонија).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот