Лазаров: Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така

фото: EPA/JENS WOLF

Најдобрите македонски ракометари на Светското првенство 2025 ќе играат во групата „Д“ заедно со Унгарија, Холандија и Гвинеја.

Нашата селекција своите мечеви од прелиминарната фаза ќе ги играат во Вараждин што е одлична можност овој хрватски град повторно биде исполнет со голем број македонски навивачи.

Така беше и на Мундијалот во 2009 година одржан во Хрватска каде го имавме вториот најдобар пласман на светските првенства освојувајќи го 11 место.

Тогаш како активен професионален ракометар за националниот тим настапуваше сегашниот селектор Кирил Лазаров кој посакува повторно Вараждин биде „среќен“ за Македонија.

– Од прв и втор шешир добивме доста квалитетни репрезентации. Секако дека можеше да добиеме уште поквалитетни противници, но треба да бидеме задоволни пред сè со фактот дека ќе играме во Хрватска/Вараждин и ќе имаме огромна поддршка од нашите верни навивачи. Сите имаме добри спомени од Вараждин и се надевам дека повторно ќе биде така. Имаме доста време да се подготвиме квалитетно за Светското првенство – рече Лазаров по жрепката за СП 2025.

Ракометарите ќе играат во Вараждин: Мундијалот го отвораме против фаворитот Унгарија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот