Лазаров: Седумката ја носам поради Кукоч, а Вардар му е потребен на македонскиот народ!

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Нашиот најдобар ракометар не откри дали и натаму ќе го носи националниот дрес, и дека можеби порано требаше да им даде шанса на помладите играчи.

Во интервјуто за хрватскиот вев портал „24sata.hr“, Кирил Лазаров зборуваше за своите почетоци, кариерата во РК Загреб, ситуацијата со РК Вардар, националната селекција..

– Прво тренирав кошаркар, започнав во петто одделение. Идол ми беше Тони Кукоч и бројот седум ми е на дресот поради него. Поради мојот татко се префрлив на ракометот. Тој беше врвен играч, на врвот на кариерата играше за Вардар во тогашната југословенска лига. Беше безгодно поради него, а и нему не му беше сеедно, тој ракометар, а синот ја фрла топката на кошот – рече 39-годишниот Лазаров.

Не поминавме најдобро на Европското првенство 2020 (освоено 15 место), а веднаш потоа започнаа шпекулациите за крај на репрезентативната кариера на нашиот десен бек:

фото: рфм

– Ја подмладивме репрезентацијата. Можеби тоа требаше да го направиме и порано, но се учи од секоја грешка. Репрезентацијата многу те троши доколку сте како мене во сериозни спортски години, но доколку си млад ракометар знае да биде одличен излог за пазарот – насмеан Лазаров кој не сакаше да открие дали и натаму сака да го носи „црвено-жолтиот“ дрес.

– Спортот е најголемиот амбасадор и затоа државата треба да се грижи за спортот, особено за репрезентацијата. Хрватска е пример како се сака и почитува националниот дрес, треба од вас да учиме. Дадов збор дека ќе им бидам на располагање на помладите играчи, колку што е потребно ќе помогнам. Не ми е тешко, кога ги гледате нашите навивачи секаде по Европа, тогаш за секунда ти проработува адреналинот – додаде членот на францускиот клуб Нант со кој има уште една година од договорот.

Воедно ја следи и ситуацијата со РК Вардар, актуелен европски шампион и неговите финансиски проблеми:

– Вардар направи и повеќе отколку што се очекуваше. Најмногу заслуги за тоа има Самсоненко, вложи многу, работеше паметно, беше и многу упорен. Доколку се вмеша политиката, ќе биде лошо. Но, Вардар е институција и се надевам дека се ќе биде во ред. Потребен му е на македонскиот народ и спорт – се зборовите на Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот