Фото: EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Лазаров: Поради работи како против Холандија, Американците не вложуваат во ракометот

Македонскиот селектор Кире Лазаров во интервју за хрватскиот „Спортске Новости“ уште еднаш потсети на работите што ни се случува во натпреварот против Холандија, кога Македонија беше очигледно и драстично оштетена.

Холанѓаните во тој натпревар од првата фаза ја победија Македонија, меѓутоа разбирливо е зошто во нашиот табор се разочарани.

„Ние сме мала земја и го сакаме ракометот, но не можеме да сe споредуваме со големите земји како Германија, Франција, Данска…Освен тоа, тоа што ни се случи против Холандија…Затоа ракометот како спорт е таков каков што е. Токму и затоа Американците не вложуваат пари во овојс спорт, не сакаат да го имаат. Имам ногу сомнителни ситуации и секој си ги толкува како што сака. Ова не е првпат ни последен да се случи вакво нешто. Гелдам дека Холанѓаните се многу фаворизирани, но јас зборувам само за нас, ракометот како спорт нема иднина поради ваквите случувања. Тешко дека некој сериозен спонзор би вложил пари, а потоа да биде измамен на ваков начин. Сите ние што сме во ракометот мора да сме сериозно загрижени“, изјави Лазаров.

Македонија на Светското првенство сега ја чека натпреварот против Франција кој ќе го играме утре во 20:30 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот