Лазаров: Ова Европско првенство е чудно и нерегуларно!

Македонскиот селектор Кирил Лазаров вели дека најважно е да не се загуби главата во овој хаос/Фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Македонската сениорска репрезентација го заврши настапот на Европското првенство уште во првата фаза со три порази од Словенија, Црна Гора и Данска.

Селекторот Кирил Лазаров во интервјуто за хрватскиот „Индекс.хр“ зборуваше за неговата селекција и случувањата на овој континентален собир каде што „диригира“ и коронавирусот и кој е според него фаворит за титулата.

– И ние сме во процес на подмладување на репрезентацијата. На последниот тест пред заминувањето на ЕП дури седум многу важни играчи беа позитивни на коронавирус, а поради повреди останавме без тројца важни играчи (Манасков, Марковски, Лазаров). Така несреќниот ковид нè натера, сакале или не, да играме со помладите.

Имав шест играчи со 20 години во составот и повторно бевме на исто ниво со Словенија и Црна Гора до 59. минута. Не се исплати сега да плачеме. Во денешно време секој различно ја толкува секоја ситуација, онака како му одговара и според тоа каде гледа интерес. Најважно е да не ја изгубиме главата во овој хаос. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред.

Околу фаворитите за златото, Данците навистина добро играат. Силни се и сè поминува без никакви проблеми. Французите добро се држеа, но мислам дека паднаа. Секоја репрезентација освен Данска имаше многу проблеми во различни периоди и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот