Лазаров: Отидов на се или ништо

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Капитенот Кире Лазаров беше најдобар кога беше најпотрено, го постигна голот во последната секунда кој ни донесе триумф над Украина од 26:25. Сепак, и покрај победата, Лазаров имаше замерки кон помладите ракометари.

– Ми оди некако во последно време да давам голови во последните секунди. На последните четири напади младите бегаа од одговорност, а јас имав три шута во кои немав среќа, па некако се изнервирав и отидов на сè или ништо. Треба да научиме од овој меч и нема од што да се плашиме. Во спортот има победи и порази, а младите на таков начин треба да напредуваат. Ова е победа за Македонија, благодарам на сета поддршка и се надевам традицијата ќе продолжи, зашто вака Макеоднија е обединета и среќна, а некако и ги оттргнуваме луѓето од секојдневната политика – рече Лазаров.

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

И селекторот Данило Брестовац исто така имаше замерки кон помладите ракометари, но на крајот изјави дека е среќен од триумфот.
– Закочивме во комбинаторика, мораше на крај Киро да решава. Младите мора да повлечат во вакви моменти и да не бегаат од одговорност. Во одбраната станавме кршливи, беше тешко да се игра против нивните 7 на 6. Сепак, момците изгинаа секоја чест и морам да кажам Кире е голем – изјави Брестовац.

EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Крилото Дејан Манаскоц кој постигна шест голови, вели дека не смеат да ни си повторуваат вакви падови во играта.
– Најважно е што ги освоивме двата бода, имавме шанса порано да ја обезбедиме победата но избрзаните шутеви и технички грешки ни донесоа ваков крај. Нашите грешки ги вратија во игра, во иднина не смее ова да ние повторува – вели Манасков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот