Лазаров: Ништо не е случајно, рекордите се производ на напорната работа и труд низ целата моја кариера

Кирил Лазаров (Нант) има петти најубав погодок на колото во Европската ракометна лига/Фото: EPA-EFE/Sandor Ujvari

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров, е еден од најзаслужните за пласманот на Нант во четвртфиналето во Лигата на шампионите. Францускиот тим иако имаше негатива од првиот натпревар против Киелце, во реваншот во Полска славеше со 31:34, а огромни заслуги за тоа имаше токму Лазаров кој одигра „докторски“ во моментите кога беше најпотребно. Лазаров натпреварот го заврши со четири гола и пет асистенции.

– Духот, ентузијазмот и самодовербата не однесоа до победата против Киелце кој беше еден од фаворитите за пласман на фајналфорот во Лигата на шампионите. Испишавме историја. Никој не очекуваше да го постигнеме овој подвиг во Полска, но ние верувавме во себе. Да бидеме искрени, заслуживме да победиме уште во првиот натпревар на домашен терен, но тогаш направивме многу грешки кои не чинеа победа. Секогаш во кариерата сум си поставувал високи цели. Тежнеам по најголемите предизвици. Рекордите се производ на напорната работа и труд низ целата моја кариера. Ако се направи една анализа заклучокот е дека ниту еден од тие успеси не се случајни – вели Лазаров за француските медиуми.

Подвиг на Лазаров и Нант, го совладаа Киелце за пласман во четвртфинале

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот