Лазаров: Не сум задоволен, Холандија е подобра, но не за десет гола

Фото: МИА

Репрезентацијата на Македонија претрпе уште еден убедлив на Светското првенство откако денес Холандија беше подобра со 24:34.

Селекторот Кирил Лазаров сепак и по овој пораз верува дека Македонија може да стигне до втората фаза, а за тоа потребна ни е победа против Аргентина.

„Денес Холандија заслужи да победи и мора да и се честита. Не сум задоволен од играта во двата натпревари, иако знаеме дека противниците се подобри од нас. Променивме цела генерација и стил на игра, но ќе направиме се што можеме да се мобилизираме и да ја победиме Аргентина. Мораме да разговараме за тоа каде грешиме, да одмориме и да се подготвиме за натпреварот. Дојдовме тука по една победа и се уште веруваме дека можеме да дојдеме до неа“.

„Холандија можеби е поквалитена репрезентација од нас, но не е за десет гола. Мораме да играме поколективно, а не како денес. Имаме многу млади ракометари кои се првпат на ваков турнир и тоа се чувствува“, изјави Лазаров.

Македониај последниот натпревар во првата фаза го игра во вторник против Аргентина исто така од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот