Лазаров: Не очекував победа на ниту еден натпревар

Фото: РФМ

Maкедонската репрезентација вечерва го претрпе и третиот пораз на Светското првенство и тоа трет убедлив од Аргентина.

Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот изјави дека со ваква репрезентација во овој момент, со осум дебитанти и не очекувал наша победа на некој од трите натпревари.

„Аргентина заслужено победи и треба да и се честита. Со осум дебитанти можеби ова е и нашата реалност. Мора да се работи да се создаде нова генерација која ќе ја наследи претходна. Не очекував да победиме против Норвешка, Холандија и Аргентина, верував во порази од по 3, 4, 5, 6 разлика, не вака со двоцифрена разлика. Секако дека не сум задоволен и мораме многу да работиме“, изјави Лазаров.

Македонските репрезентативци сега ги чека Президент Купот и борба за пласман од 24. до 32. место во Плок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот