Лазаров најдобар стрелец, Талески го има најбрзиот шут на ЕП! (ФОТО)

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Статистички барем добро стоиме, и секако кај сите е голема желбата да не го завршиме настапот уште во прелиминарната фаза на Европското ракометно првенство.

Од една страна тагуваме поради поразот на македонската машка сениорска ракометна репрезентација од Чешка во второто коло од прелиминарната фаза во групата „Б“ во Виена.

Но, затоа од друга страна статистички можеме да се радуваме што после четири дена нашата селекција го има најдобриот стрелец на континенталниот собир.

Моментно Кирил Лазаров има 19 голови на првото место на листата најдобри стрелци (19/28 обиди) со 68% ефикасност, а истиот учинок го има и репрезентативецот на Швајцарија, Енди Шмид (19/29 обиди) со 66 ефикасност.

принтскрин/ехф

Филип Талески го има најбрзиот шут на ЕП, со 141 километар на час, зад него се Станислав Кашпарек од Чешка (140 км/ч) и Шимон Сико од Полска (139 км/ч.)

Кај голманите Никола Митревски (15 одбрани/39 удари) моментно ја дели третата позиција со Норвежанецот Кристиан Северас (38%, 6/16). Пред нив се Андреа Паличка од Шведска (47%), 18/28 и Томас Ајхбергер (40%), 10/25.

После две кола во групата „Б“ се уште никој не обезбеди пласман во главната фаза, води Австрија со четири бодови, пред Чешка и Македонија по два, Украина е последнопласирана без бодови.

На 14. јануари од 18.15 часот во Виена Австријците ќе играат против Македонија, а од 20.30 часот Украина ќе се сретне со Чешка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот