Лазаров меѓу најдобрите стрелци во победата над ПСЖ

лазаров
Македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров со ново признание од ЕХФ/Фото: EPA-EFE/Henning Bagger

Денеска во 24 коло од најсилното француско првенство составот на Нант триумфираше на гостувањето кај ПСЖ со резултат 24:25 (12:13).

Тоа е првиот пораз на ПСЖ сезонава, но и покрај тоа останува на врвот со 44 бодови, додека Нант ја продолжува победничката серија и се наоѓа на третата позиција со 33 бодови, пет помалку од второпласираниот Монпеље.

Значаен придонес во победата на Нант имаше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој запиша четири голови, како и Балагер.

Истиот учинок на спротивната страна го имаа уште Стајнс и Шипшак.

Дефинитивно треба да се одвојат и одличните партии на голманите, кај Нант Нилсен запиша 15 одбрани, а кај ПСЖ Жерар забележа една повеќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот