18.8 C
Скопје

Лазаров: Македонија може да освојува медали на големи натпреварувања 

Селекторот и капитен на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров во интервју за Спортклуб, вели дека неговата цел е да покаже дека ракомет ќе се игра во нашата дрѓава како и дека ќе има добри резултати во иднина. Токму поради тоа Лазаров ја прифати двојната улога во репрезентацијата, и како селектор и како капитен.

– Веќе подолго време се подготвувам за тренерска кариера. Репрезентацијата се наоѓа на фаза на транзиија, на смена на генерации. Ме чека многу работа, целта е да се создаде таа нова генерација за Македонија да биде мирна 10-15 години. Предизвикот е во тоа да се обидеме да направиме квалитетен производ за кој ќе се слушне и во Европа и во ссветот. Немаме премногу материјал, но веруваме дека можеме и вака – многумина не отпишаа, зборуваа дека по мојата генерација нема да има ракомет во Македонија. Сакаме да им покажеме на сите дека не се право – вели Лазаров.

Лазаров смета дека Македонија во иднина може да се бори за медали на големите натпреварувања.
– Да, ќе биде конкурентни, секако дека сонуваме полуфинале и медал. Ќе биде потребно се да легне, но доколку не верувам во тоа, немаше да го прифатам предизвикот и тоа во моменти кога сите се откажаа и ги „погребаа“ и ракометарите и репрезентацијата – вели Лазаров.
целото интервју на Кирил Лазаров може да го прочитате на следниот ЛИНК.

Поврзани вести

Падобранецот на „Гринпис“едвај спасил жива глава, снајперисти го имале на нишан

Слободен печат

Ламело Бол е дебитант на годината во НБА

Слободен печат

Навивачка љубов: „Фалангата“ и украинските фанови заедно во Букурешт

Слободен печат

ВИДЕО: Италија ја суреди Швајцарија и се пласира во осминафиналето

Слободен печат

ФОТО: Јокиќ се врати во родниот Сомбор и веднаш седна во едносед

Слободен печат

Срамно, масовно се бришат видеата на кои Ѓоковиќ му го подарува рекетот на момчето од трибините

Слободен печат

Остави Коментар