Лазаров: Македонија е „инфицирана“ со ракомет

EPA/GEORGI LICOVSKI

Данило Брестовац имаше победничко деби на селекторската функција но капитенот на македонската ракометна репрезентација, Кире Лазаров не го заборава ниту неговиот претходник. Во историската победа над Исланд свој печат има ставено и екс селекторот Раул Гонзалез.

– Секогаш велам, Македонија е „инфицирана“ со ракомет. Треба да гледаме напред, имаме иднина, се прават одлични работи и во младинскиот ракомет. Ова е голем триумф за нас. Морам да кажам дека користевме и од „работите“ на Раул Гонзалес, иако не сакам да ја омаловажам дебитанската победа на новиот селектор Данило Брестовац кој не остави да играме. Одигравме мудро, како што се договоривме, а сега треба да бидеме уште подобро подготвени за реваншот в недела во Скопје, затоа што Исланд можеби сега и не потцени. Сигурен сум дека во Скопје ќе видиме уште посилен Исланд – рече капитенот Кире Лазаров.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот