Лазаров: Ќе бидеме подобри, Холандија не е Норвешка

Фото: РФМ

Македонија претрпе убедлив пораз на стартот од Светското првенство против Норвешка, селекција која е еден од главните фаворити за највисок пласман.

Селекторот Кирил Лазаров по натпреварот испрати честитки до Норвежаните, но и најави дека ќе гледаме подобра Македонија против Холандија.

„Норвепшка заслужено победи и мораме да и честитаме. Бевме добри 20 минути, беше невозможна мисија да се игра против нив во текот на сите 60 минути. Направивме многу грешки, технички грешки, моите ми кажаа дека вкупно 17 технички грешки, Одбраната беше проблем, но во секој случај ќе повторам техничките грешки.

Ги изненадивме со седум на шест во вториот дел. Еден период разликата беше седум гола, во следните пет минути 12. Мислам ќе бидеме подобри во следниот меч, Норвешка е добра но не е Холандија, имаме шанси да ги изненадиме.  Сега одиме да се одмориме, целата останува иста, а тоа е победа против Холандија и Аргентина“, изјави Лазаров.

Натпреварот против Холандија Македонија го игра во недела од 18:00 часот, а во истиот термин во вторник не чека натпреварот против Аргентина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот