Лазаров ќе игра против Барселона за финале во ЛШ

Кирил Лазаров уште еднаш ја потврди својата класа/ Фото: EPA-EFE/Piotr Polak

Капитенот и селектор на ракометната репрезентација на Македоија, Кирил Лазаров денеска ја дозна последната препрека за влез во финалето до Лигата на шампионите. Неговиот тим Нант кој во нокаут фазата ги елиминира Киелце и Веспрем, во полуфиналето на завршниот турнир во Келн ќе игра против неговиот поранешен тим Барселона.
Лазаров четири години го носеше дресот на Барселона (2013-2017) и токму со неа ја освои единствената титула во ЛШ.
Во второто полуфинале ПСЖ кој од клупата го предводи поранешниот тренер на Вардар, Раул Гонзалез, ќе игра против данскиот Алборг. Завршницата на ракометната Лига на шампиони редовно се одржува во Келн, а полуфиналињата се закажани за 12 јуни, додека финалето и натпреварот за третото место ќе се играат наредниот ден.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот