Лазаров и Савевски ги одбраа ракометарите и ракометарките што ќе настапат на Медитеранските игри

Кирил Лазаров/фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Селекторите на машката и на женската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров и Љубомир Савевски ги одбраа 16 ракометари и ракометарки што ќе настапат на Медитеранските игри во Оран, Алжир.

Лазаров по селективните тренинзи одлучи во Оран да не ги носи Цветан Кузмановски и Емилијан Ѓорговски од Еурофарм Пелистер 2 и Теодор Тодевски и Иван Галевски од Алкалоид. Македонската репрезентација на Медитеранските игри се наоѓа во група заедно со Шпанија, Турција, Алжир и Грција, а Лазаров ќе настапи само со ракометари што играат во домашното првенство.

Голмани: Марко Кизиќ, Васил Гогов
Лево крило: Петар Атанасијевиќ
Леви бекови: Павле Атанасијевиќ, Михајло Младеновиќ
Средни бекови: Игор Ѓоргиев, Иван Џонов, Марко Митев
Десни бекови: Томислав Јагуриноски, Михаил Иваноски, Мартин Серафимов
Десни крила: Ненад Костески, Александар Петковски
Пикери: Костадин Петров, Кристијан Симоноски, Марко Стојковиќ

фото: РФМ

Селекторот на женската репрезентација, Љубомир Савевски исто така го скрати списокот на ракометарки за Оран, а последниот филтер не го минаа Нина Попова, Наталија Максимовска, Сара Богоеска, Анастасија Тодоров, Ива Велкова и Ана Марија Талева. Ракометарките се во група со Турција, Србија и Португалија.
Конечен состав :
Марија Јовановска, Андреа Седлоска, Сара Стефановска, Сара Миновска, Теодора Дукоска, Емилијана Ризоска, Ангела Јанкуловска, Ива Младеновска, Јована Кипријановска, Ивана Арсениевска, Александра Коловска, Ивана Џатевска, Борјана Коцева, Бојана Коцева, Матеа Чурлиновска, Марија Јанкуловска

 

Видео на денот