Лазаров и Нант пропуштија да го декласираат Веспрем

Кирил Лазаров уште еднаш ја потврди својата класа/ Фото: EPA-EFE/Piotr Polak

Во првиот четвртфинален натпревар во ракометната Лига на шампионите, Нант со 32:28 го совлада Веспрем.

Капитенот и селектор на македонската репрезентација, Кирил Лазаров постигна четири гола во победата на својот Нант кој во второто полувреме пропушти да го декласира унгарскиот тим.
Имено, по првото полувреме кои заврши со предност од четири гола за Нант (16:12), стартот на второто донесе уште поубедлива предност за францускиот тим. Нант го отвори вториот дел со серија од три гола по ред за 19:12, а истата предност ја имаше кон средина на полувремето (27:17), а потоа и во завршницата (31:24). Сепак, во финишот ракометарите на Веспрем благодарение на одличниот голман Коралес кој натпреварот го заврши со 15 одбрани, успеаја да направат серија од 1:4 и да го ублажат поразот.

Валеро Ривера со шест гола беше најефикасен кај Нант, додека Лазаров, Овничек, Балагер, Пехмалбек дадоа по четири гола, а на голот повторно блескаше Нилсен со 15 одбрани.
Кај Веспрем, Маргуц даде осум гола, Нилсон и Ненадиќ постигнаа по шест гола.

Претходно, Алборг приреди изненадување со убедливата победа од 26:21 над Фленсбург. Клар и Сандел блескаа во редовите на Алборг давајќи по осум гола, додека кај германскиот тим Готфидсон беше најпрецизен со пет постигнати голови.
Реванш натпреварите ќе се играат идната недела.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот