Лазаров и Нант немоќни против Барселона

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров и неговиот Нант доживеаја убедлив пораз од Барселона во Лигата на шампионите.

Барселона славеше со 27:35 и уште еднаш го потврди епитетот на главен фаворит за титулата во ЛШ. Дика Мем беше најпрецизен во редовите на Барселона, додека Лазаров постигна четири гола за францускиот тим.
Фаворитската улога во третото коло од ЛШ ја оправдаа и германскиот Кил и полскиот Киелце кои исто како и Барселона славеа на гости.
„Зебрите“ со 35:24 славеа на гостувањето кај Целје, додека Киелце го совлада Елверум со 31:22.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот