Лазаров и Нант не успеаја, бронзата за ПСЖ

epa09267316 Paris? Luka Karabatic (C) in action during the 2021 EHF FINAL4 Handball Champions League third place match between HBC Nantes and Paris Saint-Germain in Cologne, Germany, 13 June 2021. EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Капитенот и селектор на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров, и неговиот Нант го освоија четвртото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Во битката за бронзениот медал, Нант е поразен од ПСЖ со 31:28. Нант подобро го отвори натпреварот и имаше предност од 5:7, но потоа се разбудија „светците“  и во финишот со серија од 4:1 на одмор заминаа со предност од 17:13

Во второто полувреме, ПСЖ ја одржуваше предноста од 2-3 гола, а последниот обид на Нант да дојде до пресврт се случиу во последните 10 минути од натпреварот кога токму со голот на Лазаров резултатот беше израмнет на 24:24. ПСЖ возврати со два гола, а потоа и со нови два брзи гола,дојде до предност од 29:25 која ја задржа со крајот.
Кирил Лазаров постигна три гола за Нант каде најефикасен беше Ејмерик Мине со пет погодоци, додека кај ПСЖ , пет гола даде Феран Соле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот