Лазаров: Горд сум на тоа што го одиграа момците, се наоѓаме на вистинскиот пат

Кирил Лазаров е задоволен ид играта на неговите избраници и покрај поразот/ фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Ракометната репрезентација на Македонија со пораз ги започна настапите на ЕП 2022, „црвено-жолтите“ се поразени од Словенија со 25:27.
Селекторот Кирил Лазаров, кој поради повреда на потколеницата нема да може да ја има улогата на капитен на паркетот, е задоволен од прикажаната игра на неговите избраници.

– Горд сум на тоа што го одиграа момците. Словенија има играчи кои играат во најдобрите европски екипи. Покрај тоа сум и разочаран бидејќи мислам дека заслуживме најмалку бод или два. Спроведовме доста работи. Физички ги уморивме и ги надигравме, едноставно не верувавме до крај дека можеме да ги добиеме. Пробав да ги убедам, но на крај не успеав во тоа и тоа сум единствено разочаран. На прав пат сме и треба да продолжиме така. Треба да го заборавиме поразот и да одиграме два добри натпревари. Прво треба да ја добиеме Црна Гора па потоа да мислиме и на Данска. Секој меч е тежок на големо натпреварување, но мислам дека ќе бидеме сè подобри и подобри. На вистинскиот пат сме со овие млади момци. Во моментов чувството е добро, но мислам дека утре кога ќе се разбудиме ќе се чувствуваме лошо – вели Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот