Лазаров го „торпедираше“ норвешкиот Елверум

ouest-france.fr/THOMAS BRÉGARDIS

Нант во рамките од првото коло го совлада тимот на Елверум од Норвешка со конечен резултат 35:32.

Најзаслужен за триумфот беше македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров кој запиша седум голови.

Зад него во листата на стрелците беа Турна со пет голови, по четири Ривера и Кавалканти.

За пласман во големото финале на турнирот Нант ќе ги одмери силите против унгарскиот вицешампион Пик Сегед.

Сезонава француската екипа нема да игра во Лигата на шампионите, туку преку квалификациите ќе се обиде да обезбеди настап во групите од ЕХФ Купот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот