18 C
Скопје

Лазаров го објави списокот на ракометари за денешниот меч со Швајцарија

Македонската сениорска репрезентација денеска од 18.00 часот во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје ќе го игра последниот шести квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство 2022 против селекцијата на Швајцарија.

Нашата селекција е веќе пласирана на ЕП, но посакува празнично, за Велигден да ги израдува навивачите со уште една победа, иако е свесна дека и Швајцарците ќе мора да бркаат триумф за да си обезбедат „билет“ за континенталниот собир кој ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Селекторот Кирил Лазаров ќе биде во составот на играчи, а тука ќе биде и неговиот помошник во стручниот штаб, Филип Миркуловски.

Како што и се најавуваше поради повреда ќе отсуствува левото крило Дејан Манасков, а шанса добива левиот бек на ГРК Охрид, Михајло Младеновиќ.

Составот на Македонија за денешниот меч со Швајцарија: Митревски, Велковски, Стоилов, Лазаров, Ѓорѓиев, Талески, Томовски, Миркуловски, Маркоски, Кузмановски, Костески, Георгиевски, Младеновиќ, Пешевски, Маџовски, Мишевски.

Миркуловски: Доколку ги спречиме Шмид и Рубин, ќе се радуваме во недела!

Поврзани вести

Кубанецот Табоада е нов ракометар на Е. Пелистер

Слободен печат

Дали Тотенхем ќе ја прифати понудата од Манчестер јунајтед за Кејн?

Слободен печат

Легендата Стив Неш нема дилеми: Јокиќ е МВП оваа година!

Слободен печат

ВИДЕО: Падна рекорд стар 47 години, Вестбрук испиша историја во НБА лигата!

Слободен печат

Митревски го реши португалското дерби

Слободен печат

Ливерпул не се откажува од Лигата на шампионите

Слободен печат

Остави Коментар