Лазаров го објави поширокиот список на ракометари за ЕП 2022

Кирил Лазаров на ЕП ќе има само една улога, селекторската/ фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Селекторот ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, денеска го објави поширокиот список од 35 ракометари кои ќе конкурираат за место во националниот тим кој ќе настапи на Европското првенство кое ќе се одржи во Унгарија и Словачка.

Во текот на подготовките, Лазаров ќе го скрати списокот и ќе ги избере ракометарите кои ќе настапат на ЕП.

Европската ракометна федерација неодамна донесе одлука, настап на ЕП да им биде дозволен само на вакцинирани ракометари. Поради ваквата одлука на ЕХФ, од списокот отпаднаа ракометарите на Еурофарм Пелистер 2, браќата Петар и Павле Атанасијевиќ, Емилијан Ѓорговски како и ракометарот на Вардар, Давид Савревски.

Македонија ќе наоѓа во групата А заедно со селекциите на Данска, Словенија и Црна Гора, а натпреварите ќе се играат во Дебрецин.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот