Лазаров: Главната битка е против Аргентина, мораме максимално квалитетно до победа

фото: EPA-EFE/Zsolt Czegledi

Во вторник со почеток од 18.00 часот репрезентацијата на Македонија ќе го игра својот трет натпревар на Светското првенство против Аргентина во групата „Ф“ од прелиминарната фаза.

И двете селекции имаат по два порази, па меѓусебниот дуел ќе решава која од нив ќе патува заедно со Норвешка и Холандија во главната фаза.

Ни реми нема да оди во корист на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, па победата е само единствена опција да се влезе меѓу најдобрите 24 селекции на Мундијалот.

– Треба да ги прифатиме критиките, Холандија е поквалитетна од нас, но разликата од 10 голови не е реална. Направивме многу грешки во делот на одбраната и нападот. Имме нова генерација на играчи која треба да созрее за ваквите големи натпреварувања. Ова Светско првенство кое тешко го обезбедивме е добредојдено за помладите – вели Лазаров.

Доколку Македонија успее да обезбеди пласман во главната фаза, ќе се пресели во Катовице, во новоформираната група „3“ каде што се веќе Германија, Србија и Катар. Во спротивно ќе продолжи во „Президент купот“ во Плоцк за пласман од 25 до 32 позиција на СП.

– Главната битка ќе биде во вторник со Аргентинаа која има голем квалитет и игра еден цврст ракомет. Тука сме некаде со кваалитетот и доколку сакаме да триумфираме мораме да одиграме максимално квалитетно. Воедно мора да учиме од грешките – се зборовите на нашиот селектор.

РФМ: Поразите болат, со седум дебитанти тешко се носевме со Норвешка и Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот