Лазаров е најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите

фото: men2020.ehf-euro.com/Uros Hocevar

Нашиот десен бек има бројни трофеи со Барселона со која успеа еднаш да ја освои титулата во Лигата на шампионите пред пет години..

Македонскиот ракометар се наоѓа убедливо на првото место на вечната листа најдобри стрелци во европската ракометна Лига на шампионите со 1332 голови. Кирил Лазаров во периодот од 2013-2017 година го носеше дресот на Барселона.

Овој податок за нашиот репрезентативен капитен денеска го споделија и дел од од најпознатите шпански медиуми, „Мундо Депортиво“, „Спорт.ес“ кои пренесуваат дека пет екс играчи на Барса се наоѓаат на оваа листа.

Лазаров со шпанскиот клуб успеа еднаш да ја освои Лигата на шампионите во сезоната 2014/2015, по трипати АСОБАЛ лигата, АСОБАЛ Купот и Суперкупот, Копа Дел Реј, а двапати дојде до ИХФ светската клупска титула.

Само уште еден играч досега успеа да ја надмине границата од 1000 погодоци, тоа е францускиот ракометар Никола Карабатиќ (член на Барса, 2013-2015) со 1074 голови на втората позиција.

Третопласиран е Србинот Момир Илиќ (Веспрем) со 969 голови, а на четвртото место е играчот на актуелниот македонски, регионален и европски шампион Вардар, Русинот Тимур Дибиров со 884 погодоци.

На петтата позиција е српскиот десен бек Марко Вујин (Спортинг Лисабон) со 841 гол, а само три помалку има Белорусинот Сергеј Рутенка (член на Барса, 2009-2015).

Данецот Микел Хансен (член на Барса, 2008-2010) кој ги брани боите на ПСЖ е на седмата позиција со 821 гол, а листата ја комплетира уште еден поранешен играч на каталонскиот гигант (2000-2012), Унгарецот Ласло Наѓи со 806 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот