Лазаров е класа, гол во последната секунда за триумф на Нант! (ВИДЕО)

фото:инстаграм

Во рамките од 11. коло во најсилното француско првенство екипата на Нант во еден крајно драматичен натпревар триумфираше на гостувањето кај Шамбери со резултат 28:29.

Најзаслужен за новите бодови сезонава беше Кирил Лазаров кој реализираше шест голови, а еден од нив се покажа како победнички.

Се случуваат ситуации кога после завршувањето и на последната 60 минута една од екипите да се најде во шанса, иако таа е многу потешка кога пред вас има „жив ѕид“ плус противничкиот голман.

Но, во овој случај македонскиот репрезентативец успеа да пробие сè и да го пронајде патот до мрежата за голема радост кај неговите тимски колеги.

За Нант ова беше вкупно осма победа (трета по ред) за моментно на делба на второто место на табелата заедно со Ним, Тулуз и Монпелје со по 16 бодови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот