Лазаров: Деби како селектор, целта е да гледаме една модерна Македонија!

Фото: EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Кирил Лазаров, како нов селектор на македонската репрезентација денеска ги собра ракометарите пред двата натпревари против Данска од квалификациите за пласман на Европското првенство.

Десниот бек на францускиот клуб Нант ќе се обиде да помогне да се вратат добрите игри и резултати.

Во својот стручен штаб ќе го има повратникот во селекцијата Филип Миркуловски кој ќе биде помошник селектор и играч. А ќе му помагаат уште Бранко Ангеловски, Билјана Црвенковска и Ацо Јоновски.

Лазаров се надева дека Миркуловски нема да прекине со активното играње на ракомет годинава:

– Ракометар каков што ѝ потребен на репрезентацијата. Се надевам со Миркуловски ќе се пласираме на уште едно Европско првенство. Заслужи да настапува на уште едно големо натпреварување, а воедно посакувам кариерата да ја заврши пред публика – вели Лазаров.

Првиот меч нашите најдобри ракометари против актуелните светски шампиони ќе го имаат на 11 март во Скопје.

На ЕП ќе се најдат првопласираните две репрезентации од осумте квалификациски групи, како и четири најдобротретопласирани.

– Мое деби како селектор, ќе се соочиме против актуелниот светски шампион Данска. Не сме комплетни, останатите ќе дојдат во понеделник, а ќе задоцни само Жарко Пешевски поради обврските со неговиот клуб. Следуваат подготовките за новите натпревари, мојата желба е една модерна Македонија, знам кои се недостатоците, истите треба да се искоренат и мора да се работи чекор по чекор. Имаме план и за после Данска. Доаѓа промена на генерации, искрено би бил пресреќен да не играм и да се развива репрезентацијата околу младите. Ќе се проценува кога треба да бидам на теренот, а кога не. Ќе го дадеме максимумот, верувам дека можеме да ги оствариме целите – додаде Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот