Лазаров далеку од Ф4, Нант декласиран од Барселона

фото: Нант

Кире Лазаров и Нант најверојатно оваа година нема да играат на завршниот турнир во ракометната Лига на шампиони. Нант уште во првиот четвртфинален натпревар, пред своите гледачи е поразен од Барселона со високи 25:32 и се очекува реваншот кој се игра наредниот викенд да претставува формалност.

Капитенот на македонската репрезентација постигна само два гола за Нант. Најпрецизен на натпреварот беше неговиот клупски колега Ривера со осум постигнати голови, додека во редовите на Барселона најрасположен за игра беше Фабрегас кој постигна седум голови.

Пред пласман на Ф4 во Келн се наоѓа и унгарскиот Веспрем кој со 28:22 како гостин го совлада германскиот шампион Фленсбург.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот