Лазаров: Чест ни е што новото поглавје во македонскиот ракомет го отвораме против најдобрите

epa08962362 Kiril Lazarov of North Macedonia in action during the Main Round match between Belarus and North Macedonia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt, 24 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Македонската ракометна репрезентација утревечер (20.45 ч.) ги продолжува настапите во квлаификациите за ЕП 2022, а на натпреварите против Данска, своето деби на селекторската клупа ќе го има Кирил Лазаров.
Лазаров кој утре ќе има двојна улога, и како селектор но и предводник на ракометарите како капитен, не ветува чуда бидејќи Македонија игра против актуелниот светски шампион Данска, но во секој случај е возбуден од новиот почеток.

– Мислам дека сме подготвени, имавме доволно време. Не случајно ги почнавме подготовките два дена порано. На време и се комплетиравме, последен се приклучи Пешевски во вторникот, останатите интернационалци во понеделникот. Мене ми е познат овој ритуал на подготовки, толку време имаат и останатите репрезентации, ние максимално го искористивме. Имавме добри услови и можам слободно да кажам дека добро сме подготвени. Помалку или повеќе имам некоја комплетна слика на составот, имам една до две дилеми. Сето ова ми дава некоја позитивна енергија затоа што еве успеав за овој краток период да имам слатки маки, бидејќи некои нови играчи се наметнаа во националниот тим, но истовремено размислувам дека не сакам да ги изгорам и тоа да биде некоја нивна промоција, па да ја ставиме во позадина важноста на тимот и на резултатот. Ќе се базирам на поискусните, секако дека ќе има некое изненадување, нека се наспијат, утре да видиме каква е ситуацијата со докторот и терапевтите, па да решиме дефинитивно – изјави Лазаров на вечерашниот тренинг.

Потешко деби во новата функција, Лазаров не можеше да добие, против светскиот шампион.
– Играме против светскиот првак, актуелниот сè уште олимписки шампион. Мене и на играчите ни е чест, што можеме да отвориме едно ново поглавје на македонскиот ракомет почнувајќи со, можеби најдобрата репрезентација на денешницата.
Спортски е да се надеваме. Како селектор и како капитен доделив јасни, конкретни улоги, играчите добија можеби и премногу информации за кратко време. Јас мислам дека комплетната слика на оваа нова Македонија која треба да биде ќе ја имам по двата натпревара со Данска.
Како што реков, спортски е да се надеваме, ќе веруваме и ќе се бориме докрај, меѓутоа од друга страна знаеме и треба да бидеме реални дека, сепак, Данска е можеби најдобрата светска репрезентација во моментов – додава Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот