ЛАЗАРОПОЛЕ – Село за восхит на планината Бистра

Лазарополе е второто по големина малореканско мијачко село и едно од највисоките селски населби во Македонија, кое лежи на 1.350 метри надморска височина.

Лазарополе има богата и долга историја од втората половина на 15 век.

Зборот „лазор“ на старословенски значи голем простор, оголен и истребен од шуми.

Според легендите, турските војници кога се враќале од војна поминувале по населените места на Бистра и правеле пустош. Поглаварот на селото и селаните се криеле во пештерата во близина. Но, Калина мома, мислејќи дека сите војници поминале, oд радост запеала песна „Сите Турци поминале, Калина мома не ја видоа…“.

Eден од војниците, кој бил ранет и тешко се движел, заостанувајќи зад четата, ја чул Калина како пее и ги викнал другите војници, кои се вратиле назад и пред влезот на пештерата запалиле голем оган. Чадот ги задушил селаните и само еден селанец по име Лазар успеал да излезе. Тој го заселил новото село наречено според него Лазарополе.

[foogallery id=”62752″]

 

Најстарата и првоизградена црква од 1841 година во мијачките села е во Лазарополе, а нејзиниот ктитор е Ѓурчин Кокалески – автор на првата македонска автобиографија со световна содржина.

Првиот мајстор што го викнале да ја наслика црквата бил Михаил, но бидејќи тој се загледувал по убавите млади лазарополки, селаните го избркале. Осликувањето го продожил неговиот помошник Дичо, кој станал еден од најголемите македонски зографи…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот