Лазаревски: Мицкоски покажи доблест и понуди ја својата оставка пред делегатите на Конгресот кој те избра (ВИДЕО)

Незадоволството од раководството на партијата, од претседателот Мицкоски, е големо. Членовите на ВМРО-ДПМНЕ се повеќе се охрабруваат да излезат и тоа јавно да го кажат, гледајќи дека Мицкоски нема намера да понесе одговорност, смета Сашо Лазаревски, делегат на Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Карпош.

Денес, голем број членови на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет Карпош, одлучивме да ја подржиже иницијативата поведена од иницијативниот одбор за свикување вонреден конгрес.

Можевме и ние понатаму да молчиме и да глумиме дека се е во ред. Можеме и понатаму да се преправаме дека нема никаков проблем и цветаат рози во партијата. Можеме да глумиме дека сме победиле и да ловиме вештерки и предавници само за да го амнестираме раководството и Мицкоски, како најодговорни за поразите.

Но во Карпош тоа не се прави така.

Вистината е дека во  Карпош освоивме мал број на гласови скоро 5000 гласа помалку од минатите парламентарни избори. Вистината е дека Мицкоски загуби во неговиот матичен општински комитет. Вистината е дека Мицкоски загуби и во неговиот месен комитет и на неговото избирачко место. Мицкоски загуби меѓу граѓаните кои најдобро го познаваат.

За овие порази вината не треба и не смее да се бара во членовите, активистите и месните комитети, како што слушаме повторно дека се обидуваат да манипулираат. Вината за изборниот пораз има точно име, презиме и адреса. Тоа е Христијан Мицкоски и неговото тесно раководството.

ВМРО-ДПМНЕ не го заслужува ова. Повторното префрлување на вината кон месните комитети е сигурен рецепт за пропаст и нов пораз на наредните локални избори. Одговорност мора да има.

Христијан Мицкоски, покажи доблест, достоинство и макар минумум демократски капацитет и понуди ја својата оставка пред делегатите на Конгресот кој те избра. Тоа воопшто не е кукавички чин, напротив бегањето од одговорност и криењето на проблемите под тепих е ништо друго освен кукавичлук. ВМРО ДПМНЕ секогаш ги исполнувало ветувањата кои ги дала пред избори, а ти јавно вети оставка ако не победиме, вети и дека ќе одиш подалеку и ќе се ја преземеш одговорноста ако победиме а не составиме влада, изјави Лазаревски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот