Лазаревиќ упати порака преку својата виолина: Седете дома за себе, за нас, за сите (ВИДЕО)

Шеснаесетгодишната Маријана Лазаревиќ, виолинист од средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“ преку делото на Антонио Томасо Витали упати порака до светот: „Седете дома, за себе, за нас, за сите“

Маријана е добитничка на многубројни државни и меѓународни награди во областа на музиката. Таа минатото лето престојуваше во Форли, (едно од жариштата или епицентарот на коронавирусот) во Северна Италија на меѓународен проект La Musica Il Ponte Tra i Popoli. Оваа композиција им ја посветува на сите музичари од целиот свет со надеж дека што поскоро повторно ќе засвират заедно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот